Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Заев негира поврзаност со снимките на јутјуб од прислушуваните разговори на Милошоски

Заев негира поврзаност со аудио снимките на кои се слуша гласот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев негира поврзаност со аудио снимките на кои се слуша гласот на Антонио Милошоски, а се појавија на јутјуб. Иако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се сомнева како што рече дека токму лицето З.З. стои зад објавувањето, лидерот на СДСМ вели дека снимките кои биле во партијата се предадени на СЈО. Повика да се истражи кој ги објавува снимките.

“Дефинитивно ние ја завршивме нашата обврска и при крајот на 2016 година ги предадовме сите материјали во СЈО. Објавивме пакет од 35 „бомби“ и кога постигнавме договор за пржинска влада застанавме, материјалите ги спакувавме на хард-дискови и текстуално и ги предадовме. Да не заборавиме кој прислушуваше и дека ние добивме само еден дел од материјалите, односно добивме околу 30 отсто од создадените материјали”, изјави Заев.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ очекувано е Заев да негира поврзаност со објавите на јутјуб бидејќи во спротивно ќе станело јасно дека сите материјали не биле предадени. Според Мицкоски, најдоборо би било Заев да ја прифати поканата од Милошоски за дуел.

Реклама

“Претпоставувам дека имаат некои работи кои ги имаат како недокажани со Милошоски. Во периодот кој следи верувам дека ќе имаат што да си кажат и едниот и другиот. Најдобро би било бидејќи бега од мене на повторно соочување барем да прифати со Милошоски да се соочат на некој медиум па да продискутираат што имаат за работите меѓу нив двајца кои остануваат недокажани”, изјави Мицкоски.

Милошоски пред два дена во изјава за Алфа го повика на дуел лицето З.З за да објават што имаат еден за друг и јавноста да суди кој треба да се појави на суд. Пред да се појават снимките од Милошоски тој во собрание и партиското седиште презентираше аудио материјали во кои се слуша гласот на заев и во кои се збори за финансирањето на 1 ТВ и судството.

Градимир Марковски