Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Заев ќе биде носител во 4ка – Мицкоски не се откажува од идејата за шпицен кандидат

На ден пред објавување на конечните листи, екс премиерот истакна дека тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На ден пред објавување на конечните листи, екс премиерот истакна дека тој и Шекеринска дефинитивно ќе биле носители на листи, и дека еднаква родова застапеност ќе имало, оти тимовите со носители на листи ќе биде сочинети од маж и жена, односни жена и маж без разлика кој е на прв на листата т.е. второ.

Се координираме со коалиционите партнери. Секако дека ќе имаме жени носители на единици, еве можам да кажам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на изборни единици…… Во секоја изборна единица ќе има носителка жена на листата, односо ќе има двајца носители, ќе има по еден носител маж и една носителка жена на првите две места кои паралелно ќе го покриваат теренот , вели Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат и тие ќе промовираат родова застапеност, но не само заради законските одредби туку оти се залагаат за квалитет. За разлика од Заев кој ќе биде носител на 4тата изборна едница, Мицкоски се уште не се откажува од идејата за шпицен кандидат, односно за кандидат за премиер кој не би се кандидирал за пратеник, оти како што вели тој тоа е задскривање зад пораз, но сепак финалниот став ќе го имаат во средба кога и ќе бидат објавени официјално листите.

Реклама

Сега ако сте определиле да бидете кандат за мандатар, би било чесно ако само тоа бидете. Ако вие бидете и кандидат за мандатар и потенцијален кандидат за пратеник, за директор, за министер, за амбасадор… според мене, лично не е честито и тоа е задскривање позади поразот, рече Мицкоски.

Додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не откриваат многу за носителите на изборните листи и колку жени ќе има на нив,  неофицијално медиумите  ги објавуваат имињата на ДУИ кои ќе се најдат на избирачките ливчиња, а на нив како носители нема да има ниту една жена. Според шпекулациите ДУИ нема да има кандидат во 4тата изборна едница, со што Заев нема да се соочи дирекно со никој од ДУИ, барем за општините кои спаѓаат во 4ката.

Мери Ѓорѓиевска