Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Заев најавува можно одложување на изборите – што го исплаши премиерот?

Можно ли е одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можно ли е одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април? Ваква дилема фрли последната изјава на премиерот Зоран Заев дека изборите би можеле да се одложат доколку стотината Закони кои се заглавени во Парламентот не го минат собранискиот филтер. Заев вели „не се заканувам, но ветувањата кон граѓаните мора да се исполнат“.

„Суштинските закони ако предизвикаат кочење на пензии, на социјалните трансфери, на покачувањето на платите, тогаш изборите може и да се одложат. Тоа денеска не го испраќам како закана. Одговорноста на секој пратеник, дали од власта или од опозицијата, е одговорност и на Владата и на локалната самоуправа и на сите кои плата земаме од граѓаните“, вели Заев.

За експертите, зад изјавата на премиерот се крие страв кај владејачката партија од анкетите кои не одат во нивна полза. Велат, ако изборите не се одржат на договорениот датум, револтот и кај опозицијата и кај граѓаните ќе биде голем. Сепак, дел од нив сметаат дека со ваквата реторика, првиот човек на Владата се обидува да изврши притисок врз работата на пратениците.

Реклама

„Веројатно тоа е начин да им ја заврти ракатана пратениците во Собранието да побрзо се договорат иако не гледам точно што пролонгирањето на изборите би донело. Евентуално, можеби дека сепак ќе се чека позитивен сигнал од ЕК за отворање на преговорите кои јас веќе не знам дали е извесен или неизвесен“, вели универзитеткиот професор Ненад Марковиќ.

„Аргументацијата е многу слаба и тоа ќе и нанесе дополнителна штета на самата власт доколку се одложат изборите. Тоа може да повлече нова политичка криза и дека револтот тогаш ќе се излее на улиците и ќе имаме некаква реприза од она што се случуваше 2015 – 106 година“, вели аналитичарот Владимир Божиновски.

Ова не е прв пат владините функционери да споменуваат можно одложување на изборите, кои беа закажани на лидерска средба кај претседателот Пендаровски. Заев и минатиот месец зборуваше можно одложување на изборите поради доцнење со ратификацијата на протокот за НАТО од страна на Шпанија.

Биљана Божиновска