Реклама

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Македонија

Заев:На 3-ти јануари ќе ја поднесам мојата оставка

Оставката на премиерот Зоран Заев е подготвена, чека само на потпис, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оставката на премиерот Зоран Заев е подготвена, чека само на потпис, а премиерот има свој фаворит за технички премиер, но денеска не сакаше да го каже неговото име пред предлогот вечерва да помине низ процедурите на партиските тела.

Тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ утре на лидерската средба ќе разговараат за кадровските решенија за новата техничка влада, други теми не се предвидени, но доколу постои взаемен интерес може да се отворат.

Тој денеска одговорајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со министерката за правда Рената Дескоска посветена на отпишувањето камати за долгови дадени на извршување, во врска со можноста да се одложат изборите истакна дека е задоволен од разумноста на Парламентот дека до Нова Година, а според некои најави и денеска ќе бидат усвоени сите закони кои имаат импакт од 1 јануари.

Реклама

Нагласи дека ако Парламентот си стои на зборот нема потреба од одложување на изборите.

-На 3 јануари јас ќе ја поднесам мојата оставка и верувам дека истиот ден ќе може да се даде мандатот на новиот претседател на владата за да може истиот ден да се избере и да ги запазиме роковите. Оставката е подготвена чека на потпишување, рече Заев.

Фаворит за технички премиер има, вели тој е овластениот предлагач, но ја почитува партиската демократија и ќе ги почека одлуките на Централениот и Извршниот одбор, кои ќе бидат донесени денеска на попладневните седници.

-Да ги почитуваме политичките институции кои одлучуваат за вакви прашања, вечерва ќе се знае кој ќе биде технички премиер, потпретседател за економски прашања, двајцата заменици министри со право на вето, рече Заев.

Во врска со утрешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека таа е на барање на Мицкоски, бидејќи тоа е согласно законот за Влада.

-Должен е како лидер на најголемата опозициска партија да ги консултира двете најголеми владејачки политички партии. Тој доаѓа во Владата, ќе разговараме за новиот министер за внатрешни работи во техничката влада, но и за другите кандидати. Потоа обврската ќе ја реализира со лидеротг на втората по големина владејачка партија, истакна Заев и додаде дека темата е техничката влада, но ако има взамене интерес може да се отворат и други прашања.