Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Заев и се закани на опозицијата: Ќе размислам дали да поднесам оставка

Премиерот Заев го зголеми влогот. Откако вчера најави дека е можно одложување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Заев го зголеми влогот. Откако вчера најави дека е можно одложување на изборите, денеска се закани дека нема да поднесе оставка на трети јануари, доколку не бидат изгласани според неговите зборови, суштинските закони. Останува отворено прашање зошто власта чекаше да дојде крајот на нејзиниот мандат, па сега овие закони да станат услов за одржување на закажаните избори на 12-ти април.

-Јас сум првиот што секој пат дијалогот го почитувал, имам намера целосно да го испочитувам, но немам намера да ја поднесам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси. Без поднесување на оставката нема започнување на сите постапки, изјави Заев.

Последните анкети на јавното мислење  покажуваат зголемен рејтинг на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, а пад кај СДСМ и Заев. Од опозицијата велат дека на владејачката партија очајно и е потребно алиби за одложување на предвремените избори. Според Александар Николоски обидот изборите да се одложат преку ратификување на членството во НАТО бил разобличен и не успеал, па сега власта се обидува да ја постигне својата цел преку поднесувањето на стотици закони во Собранието, кои се штетни за граѓаните.

Реклама

-На Зоран Заев во овој момент очајно му е потребно алиби за одложување на изборите. Заев е уплашен и се плаши од соочување со народот. Го повикуваме да не ја носи Македонија во длабока и тешка политичка криза за која само тој ќе е одговорен! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати коцкарската игра на Зоран Заев и нема да прифати уцени. Зоран Заев одамна не е во состојба да поставува услови. Тој нема кредибилитет и изборите се единственото решение, изјави Николоски.

Порака дека изборите треба да се одржат на 12 април испрати и Арбен Таравари од Алијансата на Албанците, тој вели колку повеќе чека Заев, толку повеќе ќе паѓа неговиот и рејтингот на неговата партија.

-Што подалеку оди СДСМ, падот не застанува, значи континуирано има пад на рејтингот. Дали ќе одржат април или декември, за нив мислам дека подобро е април да се одржат отколку јуни, октомври или декември. Така да штом има договор од сите партии, би било добро еднаш барем да остане на својот збор, изјави Таравари

За експертите кај премиерот постои страв бидејќи анкетите не одат во полза неговата партија. Велат, ако изборите не се одржат на договорениот датум, револтот и кај опозицијата и кај граѓаните ќе биде голем. Сепак, дел од нив сметаат дека со ваквата реторика, првиот човек на Владата се обидува да изврши притисок врз работата на пратениците.

Матеја Петровски