Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Заев: Едно семејство што прави бурек не е 20 проценти за двојазичност во Струмица

Еден закон, повеќе грешки, различни толкувања. За Заев двојазичната табла на Јавното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден закон, повеќе грешки, различни толкувања. За Заев двојазичната табла на Јавното правобранителство во Струмица е грешка и треба да се отстрани. Истото во дуелот со Мицкоски го кажа и за Прилеп. Лидерот на СДСМ смета дека не треба да има двојазични табли во општините каде застапеноста на албанската етничка заедница не надминува 20 проценти.

“Јас сум информиран и дека на Јавното правобранителство во Струмица стои двојазична табла која што верувам дека брзо и веднаш ќе ја отстранат, заради тоа што немаме повеќе од 20 отсто и нема кој да го користи албанскиот јазик во Струмица. Во Струмица има само едно семејство Албанци-пекари кои го прават струмичкиот бурек, но тие го зборуваат увабо и македонскиот јазик и секако само едно семејство не се 20 отсто. Како што реков, во Кочани беше отстранета и во некои други места се отстранети, така да законот треба да се применува низ призмата на практичната потреба, а не за исилување на една заедница врз друга заедница”, изјави Заев.

Според Бујар Османи од ДУИ, во Прилеп и Велес треба да има двојазични табли. Агенцијата и инспекторатот за примена на двојазичноста биле единствено надлежни да одлучуваат.

Реклама

“Општина Прилеп, во која припаѓа и Општина Долнени, бројката е над 20 насто, што значи таблите треба да бидат двојазични, исто како што е и Општина Велес во која со селата има бројка од 20 отсто албанско население”, изјави Османи.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски смета дека во законот има јасни одредби за тоа каде можат да се употребуваат јазиците.

“Сосема е јасно каде и на кои места и во кои општини може да се употребуваат јазиците, односно тоа е секаде каде што имаме повеќе од 20 проценти припадници на етничка заедница, којашто живее во земјава”, изјави Спасовски.

Изминатиов период постои револт поради двојазичните табли. Во источниот дел од државата и оние средини каде нема етнички Албанци дел од таблите беа искршени.

Градимир Марковски