Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО5“ стандард, бараат граѓански организации

Екоактивистите бараат построги услови за увоз на возила во Македонија. Бараат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екоактивистите бараат построги услови за увоз на возила во Македонија. Бараат да се забрани увоз на користени возила кои се постари од 10 години и под „ЕУРО5“ стандардот, а новите што се увезуваат да бидат со минимален „ЕУРО6“ стандард.

Вакво барање упатија екоактивистите од десет граѓански организации до владата и лично до премиерот Христијан Мицкоски откако, посочија, дека има најави оти во 2025 година ќе се намалат даноците за емисијата на јаглерод диоксид и на данокот за ДДВ.

Претставниците на невладините организации денеска ги доставија барањата и писмено до Владата. Ова, нагласуваат, е само една од мерките за борба против аерозагадувањето, бидејќи старите коли испуштаат над 200 токсични соединенија од кои голем дел се канцерогени и влијаат на мутација на гените, а најпогодени се децата.

Во Македонија само од јануари до ноември оваа година увезени се 53.826 автомобили. Од нив, речиси 70 проценти биле половни. Во јавно достапните податоци од царинската управа нема податок која е староста и еуро-стандардот на возилата. Според податоците од МВР, пак, просечната старост на автомобилите што ги возат македонските граѓани е 20 години.