Реклама

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Македонија

За Заев парламентарното мнозинство е стабилно и нема потреба за нови предвремени избори

И покрај тенкото парламентарно мнозинство, Заев убедува владата е стабилна, предвремени избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај тенкото парламентарно мнозинство, Заев убедува владата е стабилна, предвремени избори вели нема да има.  Наспроти анкетите кои покажуваат пад на рејтингот на СДСМ, по бугарското вето, Заев излегува со став дека сега уживале поголема доверба кај граѓаните.

Сум дал збор дека ќе има редовни избори, а зборот е збор и затоа ќе има редовни избори. Впрочем ако ги повториме изборите еве да гледаме поинаку да не биде Заев рекол дека ќе бидат редовни изборите и готово треба да бидат редовни изборите и сегашните анкети и истражувања покажуваат дека тоа нема нешто многу да промени во македонскиот парламент односно СДСМ со коалиција наместо 46 ќе има 49 пратеника, ВМРО ќе има 40,  ДУИ наместо 15 ќе има 16, Алијанса ќе има 8-9…, вели првиот човек на Владата.

Опозицијата не отстапува – избори мора да има заради како што велат лошата политика која ја води власта, извисувањето за датум и катастрофалната состојба со ковид кризата.

Реклама

Од СДСМ се фатени за власта како пијан за плот и не ја пуштаат и затоа мислам дека ќе треба да се случи второто сценарио. А, тоа е власта да се руши во Собрание, односно да се обезбеди соодветното потребно мнозинство, со цел Владата да падне. Ние интензивно работиме на тоа, јас сум зборувал и во претходни наврати дека имаме комуникација со политички партии кои што се дел од владината коалиција во моментов, а нивните пратеници не се дел од СДСМ и од ДУИ. И очекувам тие промени да се случат, со цел да одиме на предвремени парламентарни избори и да одиме на едни чисти локални избори – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Француското вето во 2019-та беше доволна причина за Заев да изјави дека ќе поднесе оставка , па се предомисли реши да оди на избори, а по блокадата од Бугарија,  избори и оставка не се во игра.

Ја преземам врз себе разочараноста на својот народ и одговорно излегувам пред граѓаните, затоа мојот предлог е организирање брзи, предвремени избори, рече Заев. ( 19.10.2019 )

Ќе дадете ли оставка како минатата година кога не изненадија французите?

Секако дека не, јас го повикав нашиот народ на определба…народот останува за ЕУ. Јас за да го водам овој народ треба да знам дали после сите горчини, премрежја, 27-30 години чекајќи кога добивате вакво изнанадување, неаргументирано, останува на тој пат, истакна тогаш премиерот. (17.11.2020)

Иако Заев вели дека парламентарното мнозинство со 62 пратеници е стабилно, во изминативе месеци во Собранието,  власта мака мачеше да го обезбеди потребниот број на гласови.

Мери Ѓорѓиевска