Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

За три години: Во скопската зоолошка се родиле 73 животни, а угинале 25

Зоолошката градина во Скопје демантира дека се угинати над 40 животни. Како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоолошката градина во Скопје демантира дека се угинати над 40 животни. Како што информираа денеска оттаму имаат 646 животни од 91 вид, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и се грижат за животните.

Писмениот допис до медиумите, како што велат од ЗОО Скопје, го праќаат со цел и надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини и со пласирање на информации со цел да ја вознемират јавноста.

„Поради тоа сакаме да известиме за бројот на угинати, но и за бројот на родени животни во 2022, 2023 и 2024 година, според официјалната евиденција и попис. Во 2023 година се родени 40, а угинати 10 животни, а во 2024 година се родени 33 животни, а угинати 15 животни. Вкупниот број на родени животни за овие три години е 73, додека пак на угинати е 25. Повеќето од угинатите животни се единки кои биле во длабока старост. Со оваа официјална бројка сакаме да ставиме крај на дезинформациите за угинати над 40 животни кои се пласираат во јавноста“, истакнуваат од ЗОО Скопје.

Реклама

Во нашата држава, како што наведуваат од ЗОО, има уште многу институции кои се привремен или постојан дом на животни и луѓе, но од ниту една од нив не се очекува и бара, ниту пак тие ја известуваат јавноста за секое угинато животно или починат човек.

Од ЗОО Скопје јавно ги поканија советниците од Советот на Град Скопје, медиумите, институциите и здруженијата организирано и со најава да ја посетат Зоолошка градина и сами да се уверат во начинот на грижата за животните и нивната благосостојба.