Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

За сите има докази, само за Зоран Заев не!?

„Поткуп на гласачи“, „Евро за Вицето“, „Криминална изградба на ТЦ Глобал“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Поткуп на гласачи“, „Евро за Вицето“, „Криминална изградба на ТЦ Глобал“ – низа скандали низ годните се вртеа околу името на екс премиерот Зоран Заев, но ниту еден не доби пресуда.

Последната во низата афери ја обелодени италијанскиот весник Ла Верита. Браќата Заеви со свои блиски соработници, инаку функционери на СДСМ, вршеле притисок и нуделе пари во замена за гласови на контото на СДСМ за парламентарните избори во 2014-тата. За овој случај, Ла Верита тврди оти било подготвено и обвинение за злосторничко здружување, но наместо во судот документот останал во фиока. Обвинителката Вилма Русковска призна дека го работела случајот, но не видела доволно докази против осомничените.

Ваква завршница имаше и случајот „Поткуп“ во кој Зоран Заев како градоначалник на Струмица беше обвинет за барање поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште. Јавноста го виде видео материјалот во кој Заев бара евро за црквата, евро за Вицето, но Обвинителството ниту во овој случај не успеа да докаже оти сторил кривично дело. Кривичниот суд во 2018-тата за „Поткуп“ донесе ослободителна пресуда.

Реклама

Во јули 2008-та, пак, Заев од градоначалничката фотеља заврши во притвор. Беше уапсен заедно со петмина соработници, за незаконска изградба на ТЦ Глобал во центарот на Струмица. На товар му се ставаше непочитување на правото на денационализација, прекршување на законот за јавни набавки и градба на државно земјиште без согласност на Владата. Случајот „Глобал“ не стигна во судница, а Заев беше пуштен на слобода со аболиција потпишана од тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Биљана Божиновска