Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

За Мицкоски предлогот за избор на претседател во Собранието е дефокус и бара да се игнорира

Мицкоски порачува да се игнорира иницијативата на ДУИ за избор на претседател…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мицкоски порачува да се игнорира иницијативата на ДУИ за избор на претседател на државата во Парламентот, како и идејата за потпретседател.Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со ваквите нафрлени теми Ахмети сака само да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми и да се зборува за етнички теми.

“Оваа изјава на Ахмети, во отсуство на други идеи, во услови кога се фатени во огромен криминал ,се обидуваат со лесен дефокус да градат тема и потоа таа тема да ја пренесат во кампањата и тоа да биде тема во кампањата. Како што беше тема премиер Албанец, сега да биде претседател Албанец. Јас мислам дека треба да се игнорира ова, бидејќи не се фактор за да наметнат таква тема и  мислам дека не треба да се фаќаме за јадицата која доаѓа од политичка опција која набрзо од денеска ќе биде во минатото и ќе одговара за се што го правеа“ – изјави Христијан Мицкоски.

Мицкоски е со став дека во иднина треба да се укинат  земничките позиции – како заменик министри и заменик претседатели. Со тоа би се заштедиле пари – а тие средства би биле наменети за подобар живот на граѓаните.

Реклама

“Ние цениме дека тие потпртседателски или заменички позиции треба да се укинат.Со тоа ќе се заштедат средства, а тие средства ќе бидат наменети за капитални инвестиции и за подобар стандарт на граѓаните” – вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека на 3 март, за неколку часа, ќе бидат собрани сите потписи за поддршка на нивниот претседателски кандидат, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Тој обелодени дека ВМРО-ДПМНE има информации дека се давале пари за потписи за некои кандидати. Дел од тие случаи, напомена Мицкоски, се документирани и предадени до МВР за натамошно постапување.