Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

За годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Софија се отвори прашањето – зошто нема заедничко одбележување?

И оваа година, како и претходните, во пресрет на годишнината од раѓањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И оваа година, како и претходните, во пресрет на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во Софија се отвори прашањето – зошто нема заедничко одбележување. Ова прашање БТВ му го постави на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев.

„Не сме добиле покана за такво нешто. Последното беше по потпишувањето на договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година, ако не се лажам. До овој момент ние немаме покана од Македонија заедно да го чествуваме тој ден“, изјави шефот на бугарската дипломатија.

Како што објавија медиуми од соседството, годишнината од раѓањето на Гоце Делчев била одблежана од бугарската амбасада во Скопје и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола. Во 2017-та и 2019-та тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов заедно положија цвеќе на гробот на Делчев.

Реклама

Последното заедничко чествување беше во 2022 година, на министерско ниво. Во 2023 година, во време кога односите меѓу Бугарија и Македонија дополнително се затегнаа, тогашниот бугарски вицепремиер Иван Демерџиев положи цвеќе на гробот на Делчев, но не во присуство на македонските колеги. Тој реагираше и поради техничкиот проблем, системот за контрола на македонскиот граничен премин, поради кој голем број Бугари биле оневозможени навреме да дојдат во Скопје.