Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Бизнис

Вториот бојкот го намали за 22,12% прометот во маркетите

Послаб одзив на вчерашниот бојкот на маркети за разлика од минатиот петок.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Послаб одзив на вчерашниот бојкот на маркети за разлика од минатиот петок. Според официјалните податоци од Управата за јавни приходи, вкупниот промет на осумте поголеми ланци на маркети „паднал“ за 22 отсто во однос на денот пред бојкотот, во четвртокот, или за над 800 илјади евра  (837454) додека пак забележан е раст на прометот за 37 отсто во однос на минатиот петок, кога исто така имаше бојкот за прв пат на маркетите во државава. Според УЈП на прометот влијание има и тоа што граѓаните земаат плата и пензија на почеток на месецот .

Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ  регистриран е вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки. Во петок, 07.02.2025 година до полноќ регистриран е вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени се 346.317 фискални сметки. Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година, велат од УЈП.

Граѓаните во Македонија се одлучија за прв пат да бојкотираат по примерот на земјите од регионот изреволтирани од високите цени во маркетите. По ова Владата наложи да се стартува со сеопфатни анализи за шест месеци наназад. Инспекциите ги чешлаат дистрибутерите, добавувачите, трговците и производителите со акцент на движењето на бруто профитната маржа.  Резултатите од инспекцијата се очекува да бидат презентирани следната недела по што владата ќе излезе со мерки.  Во понеделник е најавено и  дека на иста маса ќе седнат министерот за економија со синдикатите, организацијата на потрошувачи и коморите за да почне да се крои методологијата за новата потрошувачка кошничка Инаку, во Хрватска денеска започнува седумдневен бојкот на само еден ланец на маркети. Маркетите ќе го бојкотираат тој ланец до 14-ти февруари, а врз основа на анкетта која била спроведена на социјалната мрежа Фејсбук.  Покрај седумдневниот бојкот, вчера беше трет последователен петок во кој граѓаните беа повикани да се воздржат од секаков вид плаќања.