Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Втор ден штрајк во ФЗО – ќе се повлече ли Владата или ќе има колапс на здравствениот систем?

Хаос во Фондот за здравство. Втор ден власта ги игнорира барањата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос во Фондот за здравство. Втор ден власта ги игнорира барањата на вработените во ФЗОМ кои бараат да ја коригира препораката и да се откаже од намалувањето на ионака мизерните плати. .И додека надлежните размислуваат што ќе прават со примањата на над 830 вработени  – граѓаните ја плаќаат цената и “висат” пред шалтерите. Жена со документи за инвитро каде што има броени денови со важност на документацијата, беше вратена од подрачната служба. Пациент крводарител, кој над 50 пати дарувал крв и на кој му следува бесплатно здравство поради штрајкот ќе биде приморан интервенцијата да си ја плати на приватно.

Поддршка за штрајкот на ФЗОМ освен од граѓаните, стигна и од лекарската фела. Приватните матични лекари го поддржуваат незадоволството на вработените. Сметаат дека владата треба да ја преиспита својата одлука.Затоа што според нив, со ова дополнително се долева масло на огнот и наместо да се преземат чекори со кои би се задржале лекарите во земјата дополнително се стимулира одлив на кадар.

Поддршка за штрајкот во Фондот стигна и од министерот за здравство Меџити.

Реклама

Со затворањето на вратите на Фондот за здравство нема да има исплати на боледувања и рефундации, а нема ниту плати и капитација за лекарите. Од синдикатот велат дека не отстапуваат од барањето да не им се намали платата за 21 отсто како што предложи Владата.

Според нивните пресметки со кратењето на платите ќе се дојде до сума од еден и пол милиони евра што е помалку од половина отсто во вкупниот Буџет за Фондот за здравство.

А како единствен услов за да престане штрајкот е министертвото за финансии да се откаже од најавеното кратење на платите за дури 21 отсто со што голем дел од вработените би стигнале до минималец.

Ања Лукарова