Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ВРИЕ во СДСМ по објавата на нова “тура“ кандидати за градоначалници, Костадинов од Струмица му покажа “заби“ на Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче објави дел од кандидатите на партијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори.

Меѓу нив не е а актуелниот градоначалник Костадин Костадинов.

Тој во објава на Фејсбук му покажа заби на Филипче:

Реклама

Драги струмичани и струмичанки,
Мои пријатели, соседи, роднини,соработници
Мои сограѓани со кои ги делам деновите, улиците, битките и соништата…
Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега.
Ова не е крај.
Ова е моментот кога човекот мора да зборува чесно, и од срце.
Во изминатите 11 години, од 2013 наваму, не изгубив ниту едни избори.
Не затоа што бев најгласниот. Не затоа што бев најсилно партиски поддржан.
Туку затоа што луѓето гледаа нешто друго во мене: работа, доследност и љубов кон градот.
Јас не сум случаен градоначалник. Јас сум дете на оваа земја, на оваа улица, на овој пазар.
Секој проект, секој парк, секоја пешачка патека – ги градев како да ги правам за моето семејство.
Затоа не победував јас – победуваше Струмица.
Но денес стојам пред вас и ви кажувам нешто што ретко кој политичар ќе го признае:
Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена.
Не затоа што се плашам од пораз.
Јас не знам што значи да изгубиш избори.
Туку затоа што нема вистинска понуда за градот.
Нема суштинска дебата. Нема нова визија. Нема предизвик.

Објавата можете да ја прочитате на следниот линк: