Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВРЕДИ: Ветувањето за стадионот на ФК Башкими станува реалност

Спортот е една од областите во кои инвестирањето во инфраструктурата директно создава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортот е една од областите во кои инвестирањето во инфраструктурата директно создава нови можности за децата и младите. Во таа насока, во Куманово официјално започнаа градежните работи за целосна реконструкција на помошниот стадион на ФК Башкими, проект кој две децении беше ветуван, но досега остануваше само на хартија, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Со започнувањето на работите, ова ветување се претвора во реализација. По завршувањето на проектот, децата и младите фудбалери од Куманово ќе имаат на располагање модерен и безбеден простор за тренинзи и подготовки.

Во реализацијата на овој проект важна улога има и заменик-министерката за спорт, Сафије Садики Шаини, преку нејзиниот институционален ангажман за унапредување на проектот и создавање подобри услови за младите спортисти.

Реклама

Оваа инвестиција е доказ дека спортската инфраструктура може да отвори нови можности за младите таленти и да создаде простор во кој децата ќе можат да го развиваат својот потенцијал преку спортот.

За ВРЕДИ работата во спортот продолжува преку проекти кои создаваат подобри услови и нови можности за младите генерации.

Ветувањето стана проект. Проектот станува дело. ВРЕДИ на дело.