Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

ВРЕДИ со прашање до ДУИ: Кој го спаси Бујар Османи?

ДУИ повторно ја манипулира јавноста со наводниот „ветинг“ и прочистување, ние сакаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ повторно ја манипулира јавноста со наводниот „ветинг“ и прочистување, ние сакаме да им помогнеме. Вистинското прашање останува – Кој го спаси Бујар Османи од судска разврска за случајот Пациент?

Специјалното јавно обвинителство покрена бројни случаи против високи функционери од владата на Никола Груевски, но само еден остана недопрен – предметот „Пациент“. Бујар Османи беше единствениoт за кој СЈО кажа дека има сомнеж и докази за сторен криминал, но не покрена обвинение.

Зошто сите други процеси завршија во суд, а овој мистериозно беше стопиран? Кој ја повлече рачната кочница? Дали Бујар Османи им должи на Мијалкови или на Заеви? На кого до крај на животот ќе мора да му слугува господинот Османи?

Реклама

Црната листа беше пополнета со името на најдобриот другар на Бујар Османи, Артан Груби. Тоа се случи заради посредување и спасување на Мијалков. Дали и овој случај Пациент и неговотo умртвување се должи на истите луѓе и истата шема? Дали Артан Груби посредувал за спас на Бујар Османи?

Бујар Османи остана без кривична одговорност, но моралната и етичката ќе ја носи до крајот на живото. Затоа е добро сам да даде одговор каква штета претрпеа граѓаните?

За време на министерувањето на Бујар Османи, Јавната здравствена установа Гинекологија Чаир беше жртва на сериозни злоупотреби. Таа клиника, каде се раѓаат децата на сите нас, од Чаир и пошироко, беше предмет на истрагата на СЈО. Колку пари беа украдени? Колку пациенти беа оставени без соодветна здравствена заштита? Колку луѓе загубија шанса за подобар третман поради криминалните игри на Османи?

Османи не е само политичар со сомнително минато – тој е директно одговорен за уназадувањето на здравствениот систем! Додека медицинските установи пропаѓаа, неговите блиски се богатеа. Колкава е цената на неговата слобода и кој ја плати?

Време е за вистински ветинг, а не за лажна театарска претстава! ДУИ може да продолжи со празни изјави, но граѓаните бараат одговори! Кој му помогна на Османи да избега од судот? Зошто институциите молчат? Колку долго ќе трае оваа заштита?

Ако ДУИ навистина сака прочистување, нека почне од Бујар Османи! Време е за одговорност! Време е за правда!