Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВРЕДИ: Со автопатот Скопје – Блаце прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси

Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје – Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси. Ова е вистинската причина за нивната […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје – Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси.

Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира според професионално решение и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние што мислеа дека ќе се збогатат од овој пат.

Реклама

Со години овој стратешки проект беше одложуван и држен како заложник на тесни интереси. Денес, кога конечно напредува, корисници нема да бидат привилегирани поединци, туку граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкото поврзување со Косово.

ВЛЕН не е во Владата за да штити приватни интереси, туку за да реализира проекти кои со децении се користеле само за политичка пропаганда. Автопатот Скопје-Блаце е еден од проектите што ја покажува разликата меѓу оние што зборуваа за развој и оние што го реализираат во пракса.

Автопатот Скопје – Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапи: 24 години празни ветувања и 24 месеци ангажман што го водат проектот кон завршување.