Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВРЕДИ: Се решава проблемот со просторните капацитети на УМТ, новиот кампус од 42 милиони евра носи трајно решение

ВРЕДИ презема конкретни чекори за решавање на потребата од дополнителни просторни капацитети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВРЕДИ презема конкретни чекори за решавање на потребата од дополнителни просторни капацитети на Универзитетот „Мајка Тереза“, во услови кога бројот на студенти на универзитетот е во пораст, се вели во партиското соопштение.

Во рамки на овие активности, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, заедно со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји, ја разгледаа можноста за користење на просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија за потребите на универзитетот. Со ова привремено решение ќе се овозможи непречено одвивање на наставниот процес до завршувањето на новиот универзитетски кампус.

Сепак, ова е само преодно решение. Трајното решение е новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, инвестиција вредна околу 42 милиони евра, за чија изградба веќе е поставен камен-темелник.

Реклама

Новиот кампус ќе му обезбеди на Универзитетот „Мајка Тереза“ современи простории и соодветни капацитети за студентите и академскиот кадар, како и за наставата и научноистражувачката работа.

ВРЕДИ го гледа зголемувањето на бројот на студенти како можност за понатамошен развој на Универзитетот „Мајка Тереза“, а не како пречка. Потребните просторни капацитети се обезбедуваат сега, додека кампусот од 42 милиони евра ќе го реши ова прашање на долг рок.