Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Вреди“: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива

Со длабоко жалење и огорченост ја примивме веста за пресудата на Специјализираните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со длабоко жалење и огорченост ја примивме веста за пресудата на Специјализираните совети на Косово во Хаг против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално.

Изречените казни се високи и неприфатливи. По долг и оспоруван процес, четворицата истакнати личности на ослободителната војна и натаму се далеку од своите семејства и од Косово.

Денешната пресуда не ја доведе во прашање легитимноста на ОВК. Војната на Ослободителната војска на Косово беше праведна борба за слобода, водена во услови на репресија и злосторства на режимот на Слободан Милошевиќ. Оваа историска вистина не може да ја промени ниту една пресуда.

Реклама

Денешната одлука е првостепена и не го затвора ова прашање. Правната битка продолжува. Очекуваме во жалбената постапка сериозно да се разгледаат аргументите на одбраната и да се исправи оваа неправда.

ВЛЕН стои покрај семејствата на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, покрај нивните соборци и покрај народот на Косово.

ОВК се бореше за слобода. Таа вистина не се препишува.