Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

„Вреди“: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата

Во свечена и масовна атмосфера и со големо присуство на делегати, активисти, функционери и поддржувачи, денес во Домот на културата во Тетово се одржа Основачкото собрание на политичката партија „Вреди“, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално. Ова Основачко собрание е продолжение на Конгресот на обединувањето и означува важна етапа во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во свечена и масовна атмосфера и со големо присуство на делегати, активисти, функционери и поддржувачи, денес во Домот на културата во Тетово се одржа Основачкото собрание на политичката партија „Вреди“, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално.

Ова Основачко собрание е продолжение на Конгресот на обединувањето и означува важна етапа во консолидацијата на „Вреди“ како обединет политички субјект. Денешното собрание го потврди единството на структурите, енергијата на членството и посветеноста за продолжување на политичкото дејствување во служба на граѓаните.

На присутните им се обратија копретседателите на „Вреди“ и други претставници на партијата, кои ја истакнаа важноста на овој момент за иднината на субјектот, за зајакнувањето на партиската организација и за продолжување на ангажманот на сите нивоа.

Реклама

Копретседателот на „Вреди“, Билал Касами, во своето обраќање ја нагласи важноста на Основачкото собрание во процесот на консолидација на „Вреди“.

„Денес правиме уште еден важен чекор на патот на обединувањето и консолидацијата на „Вреди““, истакна Касами.

Копретседателот на „Вреди“, Изет Меџити, оцени дека Основачкото собрание претставува значајна етапа во политичкото и организациското зајакнување на субјектот.

„Ова Основачко собрание го претставува следниот чекор кон консолидацијата и зајакнувањето на „Вреди“ како политички субјект на Албанците во Република Северна Македонија“, изјави Меџити.

Во своето обраќање, потпретседателката на „Вреди“, Мимоза Муса, ја истакна определбата на „Вреди“ за обединување и заштита на интересот на граѓаните.

„Во време кога многумина инвестираат во поделби, ние го избравме обединувањето. Во време кога политиката често се мери со тесни интереси, ние го избравме интересот на граѓаните“, рече Муса.

Основачкото собрание потврди дека „Вреди“ влегува во нова фаза на политичко дејствување, со посилна организација и посветеност за продолжување на работата на централно и локално ниво.

Со енергијата и поддршката на членството, „Вреди“ ќе продолжи да работи во секој дел од државата, со цел да одговори на очекувањата на граѓаните и да креира политики што ќе го подобруваат нивниот секојдневен живот.

Основачкото собрание заврши во атмосфера на единство, со порака дека „Вреди“ влегува во нова фаза на политичко организирање, со посилна структура и непрекината посветеност во служба на граѓаните.