Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВРЕДИ: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВРЕДИ го прави за 25 месеци

Проблемите на ДУИ не се проблеми на Албанците. ДУИ има проблем со политичко преживување, додека Албанците имаат потреба од унапредување на Охридскиот договор и заштита на правичната и соодветна застапеност. Цели 25 години ДУИ ја имаше власта, но не и волјата. Ги имаше институциите, министерствата и механизмите во свои раце, но еден од главните столбови […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемите на ДУИ не се проблеми на Албанците. ДУИ има проблем со политичко преживување, додека Албанците имаат потреба од унапредување на Охридскиот договор и заштита на правичната и соодветна застапеност. Цели 25 години ДУИ ја имаше власта, но не и волјата. Ги имаше институциите, министерствата и механизмите во свои раце, но еден од главните столбови на Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност, го остави настрана, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Денес, кога зборуваат за закана врз Охридскиот договор, тоа го прават токму оние кои го прогласија за завршен, додека едно од неговите главни начела го оставија без закон. Наместо да донесат закон, измислуваа привремени механизми. Наместо да ја заштитат правичната застапеност како уставен принцип, ја користеа како алатка за политички пазарења.

Така беше и со балансерот. Го продаваа како решение, но граѓаните видоа како се злоупотребуваше на конкурси. Некој еден ден се изјаснуваше како едно, а следниот ден како нешто друго. Не затоа што му се менуваше идентитетот, туку затоа што му се менуваше интересот.
Тоа не е правична застапеност. Тоа е игра со системот.

Реклама

Законот што го носи ВЛЕН ја отстранува оваа логика. Никој не му го одзема правото на граѓанинот слободно да се изјасни, но самоизјаснувањето не може да биде покритие за измама.

Кога постојат официјални податоци, тие не можат да се игнорираат само затоа што некому му одговара поинаку за одреден конкурс. Ако се утврди злоупотреба, кандидатот ќе биде одбиен и нема да може да се пријавува на конкурси во наредните три месеци. Овој закон воведува ред во вработувањата. Нема повеќе вработувања по нечија волја, нема повеќе импровизации и нема повеќе игри со идентитетот на граѓаните. Ќе има планирање, податоци, одговорност и закон.

Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци.