Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

„Вреди“: Наместо празни зборови и манипулации, градиме сигурна иднина за младите

„Вреди“ на дело докажува дека политиката ја разбира единствено како обврска за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вреди“ на дело докажува дека политиката ја разбира единствено како обврска за носење решенија, а не како платформа за празни зборови и бескрајни ветувања. Нашата мисија е јасна, институционално да ги исправиме неправдите кои со децении беа наталожувани како последица на половични решенија и политички пазарења од минатото, се вели во соопштението од „Вреди“.

Студентите и младите генерации се нашето најголемо богатство и нивна обврска е да учат, да напредуваат и слободно да го кренат својот глас за сопствените права. Токму затоа, испраќаме јасна и силна порака до јавноста: не смее и нема да дозволиме зад искрените студентски иницијативи да се кријат компромитирани политичари и структури кои се болни за власт и кои преку ноќ станаа „загрижени“ за правата кои самите ги газеа и игнорираа повеќе од две децении. ВЛЕН наоѓа решенија за сите нерешени и наследени проблеми. Тоа го докажавме на дело.

Студентите протестираа против неправдите кои потекнуваат токму од времето на ДУИ, време кога петмина албански министри за правда не мрднаа со прст за да го решат прашањето на мајчиниот јазик. Тие што со години го стеснуваа здивот на младината, денес нема да ја инструментализираат нејзината иднина за спас на сопствениот капитал.

Реклама

Ние не се криеме од проблемите, туку се соочуваме со нив:

Барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на мајчин јазик се решава институционално. На работната средба со Претседателот на Владата постигнат е конкретен договор институциите да изнајдат решение и веќе активно се работи на тоа решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните.

Студентите побараа правосуден испит, но „Вреди“ самоиницијативно ја мапираше целата соодветна проблематика. Нема да застанеме само тука, веќе работиме на законски решенија со кои сите професионални испити и постдипломски лиценци за работа во земјата ќе им бидат достапни на младите на нивниот мајчин јазик. Наша цел е логичен и праведен систем: тој што студирал на албански, да може на албански да ја добие и својата лиценца за работа.

Кога „Вреди“ се нафаќа за решавање на наследените проблеми, тие стануваат реалност. Како што по пример, веќе успешно е решено прашањето со стручните медицински испити за лекарите и стоматолозите на мајчин јазик, како што го решивме правото за воспитувачите во градинките, и како што донесовме достоинствени и долгоочекувани решенија за статусот на Медресата и дислокацијата на казината, така брзо и ефикасно ќе ги затвориме и сите преостанати неправди кои со години беа оставени како заложници.

„Вреди“ продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните. Наместо деструкција и блокади, младите во нас имаат партнер кој создава еднаквост, достоинство и реална претставеност во институциите. Наша обврска е да создадеме услови во кои младите повеќе нема да имаат потреба да протестираат, туку ќе имаат причини да слават и да ја градат својата иднина дома.