Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

ВРЕДИ: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Македонија е во Европската Унија

Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива – стои во соопштението од ВРЕДИ. Вреди го оценува како особено важна пораката на известувачот за Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива – стои во соопштението од ВРЕДИ.

Вреди го оценува како особено важна пораката на известувачот за Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал и капацитет да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. Ова докажува дека европските институции и понатаму ја гледаат Северна Македонија како дел од европското семејство и како доверлив партнер во регионот.

За Вреди, европската интеграција не е само политичка цел, туку и стратешка и цивилизациска определба која гарантира владеење на правото, функционални институции, економски развој, повисок животен стандард и подобра перспектива за граѓаните.

Реклама

Веруваме дека патот кон Европската Унија поминува преку вистински реформи, борба против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото, ефикасна администрација и транспарентни институции. Токму затоа, ВРЕДИ ќе продолжи да придонесува со одговорност и решителност во исполнувањето на реформската агенда и во унапредувањето на евроинтеграцискиот процес.

Во овој контекст, сметаме дека добрососедските односи, конструктивниот дијалог и почитувањето на европските вредности претставуваат суштински елементи за успехот на овој процес.

Вреди стои цврсто на страната на европската интеграција и ќе продолжи да работи за унапредување на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, како стратешка државна цел.