Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВРЕДИ: Историски чекор, го унапредуваме Охридскиот договор

Се наоѓаме пред историски момент. По повеќе од две децении одложување, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. Нема повеќе зборови што ги носи ветерот, нема повеќе ветувања само за да поминат изборите. Сега има закон. Правичната и соодветна застапеност е уставен принцип што произлегува од Охридскиот рамковен договор, конкретно од неговата точка 4.2. Затоа, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се наоѓаме пред историски момент. По повеќе од две децении одложување, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. Нема повеќе зборови што ги носи ветерот, нема повеќе ветувања само за да поминат изборите. Сега има закон. Правичната и соодветна застапеност е уставен принцип што произлегува од Охридскиот рамковен договор, конкретно од неговата точка 4.2. Затоа, ова не е обичен закон, туку исориски важен чекор во спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот договор, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Овој закон требаше да биде донесен уште пред повеќе од две децении. Но, тоа не се случи. Тие што денес најмногу креваат врева, го имаа и мандатот од Албанците и власта за да го донесат. На секои избори ветуваа, во секој мандат се правдаа. Имаа сè, освен политичка волја.

Ако навистина Охридскиот договор бил целосно реализиран, тогаш каде беше Законот за правична и соодветна застапеност, еден од неговите клучни столбови?

Реклама

Почитувани, Охридскиот договор не се унапредува со свечени говори и убаво спакувани изјави пред камери. Тој се унапредува кога неговите принципи се претвораат во закон, во јасни правила и во институционална обврска. Токму тоа го прави ВЛЕН.

Со овој закон, правичната и соодветна застапеност станува законска обврска за сите институции. Нема повеќе импровизации, нема повеќе крпеници, нема повеќе „како кому ќе му текне“. Наместо тоа, ќе има закон, методологија, податоци и институционална одговорност. 25 години не мрднаа со прст за да се донесе овој закон. ВЛЕН го прави тоа за 25 месеци.

За Албанците повеќе вреди закон што ги штити, отколку функција за слики и политичко фалење.