Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Вреди: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива, дење те оплакува!

Бујар Османи се обидува да создаде впечаток дека застанал во „одбрана“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бујар Османи се обидува да создаде впечаток дека застанал во „одбрана“ на имамот Бекир Халими и активистот Валон Бела, откако двајцата беа прогласени за „персона нон грата“ од Владата на Албанија, барајќи оваа одлука да биде преиспитана, се наведува во соопштението на Вреди.

Лицемерието на Бујар наликува на народната изрека: „Ноќе те убива, дење те оплакува.“

Тоа е затоа што сите знаат дека токму Бујар и ДУИ се тие кои директно влијаат врз Владата во Тирана да ги прогласува за непријатели оние што не им се по волја меѓу Албанците во Северна Македонија.

Реклама

Ниту Халими, ниту Бела не се најдоа на „црната листа“ на Рама без влијанието на Бујар и ДУИ.

Иронијата е во тоа што токму експонентите на ДУИ беа меѓу првите кои ја поздравија идејата Албанците од Северна Македонија да бидат ставени на „црна листа“ од Албанија.

Оваа дволичност на Бујар нè потсетува на случајот „Монструм“, кога Бујар, по налог на Јанкуловска, во некои медиуми тврдеше дека Хаки Азири исчезнал по сопствена волја, додека во други медиуми бараше меѓународна истрага за монтираните случаи од страна на владите во кои и самиот беше министер.

Но Албанците одамна го препознаа лицемерието на Бујар и го казнија со својот глас.

Криците на Бујар на Фејсбук се последица на неможноста да го прифати својот политички крај, по убедливиот пораз во Чаир.

Со политичари како Бујар, кој денес кажува едно, а утре постапува спротивно, ДУИ нема иднина и долго време ќе остане во опозиција.