Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Вреди“: ДУИ крева паника за проектот што самата го остави на пола

Откако замина во опозиција, на ДУИ ѝ се отворија очите. Дури сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако замина во опозиција, на ДУИ ѝ се отворија очите. Дури сега ги гледа работите што самата ги остави недовршени. Како и многу други работи што ги оставија половично, така и булеварот „Хасан Приштина“ има цела хронологија на утки. Бидејќи излегоа пред јавноста и се обидоа да создадат впечаток дека оставиле готов булевар, а дека денес некој го укинува, ајде да ги погледнеме работите по ред, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференција на Астрит Илјази од „Вреди“.

Во 2021 година, само еден месец пред локалните избори, проектот го промовираа со голема помпа. Имаше изјави, цртежи и ветувања. Булевар немаше.

Во 2023 година објавија дека се издвојуваат дополнителни три милиони евра, со што требаше да се заокружи предвидената сума од шест милиони евра. Но, во истата објава признаа дека подготовките допрва почнуваат. Значи, проектот воопшто не бил подготвен.

Реклама

Дојде 2024 година, а сè уште се зборуваше за подготовка на документацијата. И понатаму го нарекуваа „обезбеден проект“, но на терен не беше изграден ниту еден метар од булеварот.

И сега доаѓаме до делот што намерно го прескокнаа на нивната прес-конференција.

Државниот завод за ревизија констатираше дека средствата наменети за инфраструктурните проекти останале неискористени. За трите булевари, меѓу кои и „Хасан Приштина“, воопшто не биле склучени договори за реализација.

Почитувани,

Да нема никаква дилема. Булеварот „Хасан Приштина“ не е откажан и ќе се гради.

По завршувањето на делницата од Момин Поток до улицата „Словенечка“, изградбата ќе продолжи со булеварот „Хасан Приштина“ преку Визбегово.

Ќе се оди чекор по чекор, но овојпат работите нема повторно да останат напола, како што ги остави ДУИ.

На крајот, граѓаните ќе добијат функционално и модерно сообраќајно поврзување, а не уште еден проект што со години се ветува, но никогаш не се завршува.