Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата.

Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВЛЕН. На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Протестот заврши, но маските повторно паднаа. Колку и да врескаат, вистината е една.

Реклама

Студентите побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, можност што досега не постоеше. ВЛЕН му пристапи на овој проблем сериозно и суштински. Затоа решението нема да застане само кај правосудниот испит. Сите професионални испити ќе може да се полагаат и на албански јазик.

Кога ВЛЕН ќе земе проблем во свои раце, тој не останува во фиока. Се реши прашањето со професионалните медицински испити. Воспитувачките во градинките го добија своето право. Медресата доби достоинствено решение. Казината се тргаат од местата каде што не им е местото. Така се работи кога има волја. Проблемите што ДУИ со години ги држеше заглавени, ВЛЕН ги затвора еден по еден.

Сѐ што оставиле ДУИ овие 20 години, се нерешени прашања или половични решенија. ДУИ може да вреска колку сака, да манипулира и да се крие зад кого сака, но нивното време заврши.