Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ две децении не го донесе Законот за правична и соодветна застапеност

ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам, изјави Шабан Ајллајбегу на прес-конференција. За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам, изјави Шабан Ајллајбегу на прес-конференција.

За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку со закон. Правичната застапеност и вработувањето на албанците во јавниот сектор повеќе нема да биде предмет на политички пазарења или партиски желби. Од овој момент вработувањето на албанците во јавниот сектор е законска обврска.

ВЛЕН побара овој закон да оди со Бадентер, затоа што ова не е прашање на една партија. Ова е прашање што ги засега Албанците, другите заедници и мултиетничкиот карактер на државата. И тоа помина.

Реклама

Сега се обидуваат сопствената врева да ја продадат како грижа за Албанците. Но Албанците добро ја знаат разликата. Овие манипулации одамна им се прочитани.

Кога беа на власт, ниеден чекор не го преземаа за да го донесат законот. Сега, кога законот се донесува, се прашуваат зошто се донесува. Јасно е зошто им е криво. Тие за 25 години не го направија, а ние го правиме за 25 месеци.

ДУИ треба да одлучи, дали ја подржува правичната застапеност гарантирано со закон или не? Толку е едноставна одлуката што треба да ја донесат.

Правичната застапеност не се брани со драми и навреди. Не се брани, со манипулации и со политички игри. Се брани со закон, со механизми и со одговорност.

Правичната и соодветна застапеност не е политички подарок, ниту услуга што некој им ја прави на Албанците. Таа е уставно право, принцип од Охридскиот рамковен договор, но до денес никој немаше храброст да ја претвори во закон. ВЛЕН го прави тоа.