Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Вреди: Дали Ахмети го пушта Груби низ вода

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да го спаси Артан Груби, толку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да го спаси Артан Груби, толку повеќе изгледа дека го пушта низ вода. И минатиот пат кога тврдеше дека нема да има обвинение и дека Груби ќе излезе на слобода, се случи спротивното. На Груби му беше продолжен притворот и започна постапката против него, се наведува во соопштението на Вреди.

Што сака да спречи Ахмети? Дали се плаши од тоа што Груби би можел да го каже? Или свесно го жртвува Груби, мислејќи дека така ќе си го расчисти патот за враќање на власт?

Со тврдењето дека Груби е невин, Ахмети всушност одработува тој да биде осуден.

Реклама

Јавниот политички притисок врз судот во случајот на лице од црната листа на САД може да предизвика само спротивен ефект. Оваа коцкарска тактика на Ахмети само ја забрзува неговата политичка пензија. Прашање на време е кога незадоволството во ДУИ ќе излезе на површина.

Две години им продава бајки дека само што не се вратиле во Владата. Не се вратија, а на локалните избори доживеаја дебакл. Сега се обидува и случајот на Груби да го претвори во уште една политичка коцка. Само што овојпат на коцка не е само Груби, туку и самиот Ахмети.