Реклама

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Македонија

Вреди: Блерим Беџети молчеше 1058 дена, денес се обидува да ги манипулира албанските студенти

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен: НИШТО!, се вели во соопштението од Вреди. 

Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. Молчеше. Го остави проблемот отворен, а денес се обидува да се претстави како заштитник на кауза што самиот ја напушти додека беше министер.

Но, ова не е ниту прв, ниту последен пат Блерим Беџети и ДУИ да потфрлат во заштитата на интересите на Албанците.

Реклама

Граѓаните не го заборавија ниту објавениот разговор во кој, во комуникација со Муса Џафери, се слуша озлогласената реченица: „Ајде, еден Албанец помалку во обвинителството нема да нè однесе во Рај.“
Оваа реченица не е лапсус. Оваа реченица е начин на размислување. Таа покажува како Албанците биле третирани со години од оние кои знаеле да зборуваат во име на народот, а зад затворени врати ги продавале позициите што им припаѓаат на Албанците.

Затоа не е случајно што не го решија ниту прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Не е случајно ниту тоа што работните места што им припаѓаа на Албанците често завршуваа во политички пазари со тогашната власт и со мрежите на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Денес истите тие луѓе излегуваат пред камерите и држат лекции за националните права. Но, Албанците не забораваат.

Затоа, пред Блерим Беџети да зборува за правосудниот испит на албански јазик, треба да им објасни на Албанците зошто не го реши овој проблем во текот на 1058-те дена додека беше министер. Пред да ги обвинува другите, треба да објасни зошто прашање што самиот можел да го реши го оставил како заложник со години.

На Албанците не им се потребни патриоти со изборен рок на траење. На Албанците им се потребни претставници кои нема да ги продаваат нивните интереси за функции, политички пазари и личен опстанок.

ВЛЕН нема да дозволи неправдите наследени од минатото да останат товар за новите генерации. Решени сме, една по една, да ги исправиме и решиме сите проблеми што со години биле запоставувани од оние кои ја имаа власта, но не и волјата да дејствуваат.

Студентите, правниците и сите албански граѓани заслужуваат конкретни решенија, а не лажен патриотизам и каузи што се користат за дневнополитички потреби.

Времето на манипулациите заврши.