Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВРЕДИ: Балансерот создал лажна слика за реалната состојба во државните институции

Денес сме пред вас за да откриеме сериозен проблем кој со години беше сокриван зад статистики и официјални извештаи, а во пракса директно му наштетувал на правото на Албанците за правична и соодветна застапеност во државните институции. Со години на граѓаните им се тврдеше дека механизмот наречен Балансер обезбедува правична етничка застапеност во администрацијата, рече […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес сме пред вас за да откриеме сериозен проблем кој со години беше сокриван зад статистики и официјални извештаи, а во пракса директно му наштетувал на правото на Албанците за правична и соодветна застапеност во државните институции.

Со години на граѓаните им се тврдеше дека механизмот наречен Балансер обезбедува правична етничка застапеност во администрацијата, рече Газменд Алиу од ВРЕДИ на прес-коференција.

Меѓутоа, фактите што денес излегуваат на површина покажуваат дека овој механизам не само што не го решил проблемот, туку во многу случаи бил злоупотребуван токму на штета на Албанците. Ќе наведам еден конкретен пример.

Реклама

Во институцијата со која раководам, според официјалната евиденција, Албанците се застапени со 29 проценти. Но, по извршените проверки, се покажа дека само 13 проценти од вработените се Албанци. Разликата од 16 проценти ја сочинуваат лица кои во постапките за вработување се изјасниле како Албанци, додека во реалноста припаѓаат на други етнички заедници.

Ова не е правична застапеност. Ова е злоупотреба на механизам кој требало да обезбеди правична застапеност, а особено застапеност на Албанците.

Овој случај јасно покажува дека Балансерот создал лажна слика за реалната состојба во државните институции. Како последица на тоа, реалната застапеност на Албанците била пониска од онаа што била прикажувана во официјалните евиденции и статистики.

Она што во документите било прикажувано како застапеност на Албанците, во многу случаи се покажало како резултат на лажно етничко изјаснување и злоупотреба на системот.

Затоа нема да прифатиме денес да се леат крокодилски солзи за механизам кој бил злоупотребуван токму на штета на Албанците.

Оние кои со години управуваа со овој систем, а денес се претставуваат како заштитници на правата на Албанците, треба да понесат одговорност за тоа како било дозволено етничката застапеност да се манипулира и да се создава фиктивна реалност на хартија, додека фактичката состојба во институциите била сосема поинаква.

Токму затоа ВРЕДИ инсистира на донесување на Законот за соодветна и правична застапеност.
Само законско решение, со јасни механизми за контрола и одговорност, може да гарантира дека застапеноста ќе биде реална, а не фиктивна; правична, а не предмет на манипулации.

Времето на лажните статистики заврши. На Албанците не им се потребни надувани проценти на хартија, туку реална застапеност во институциите, на одлучувачки позиции и на сите нивоа на државната администрација.

ВРЕДИ останува посветен на изградба на систем во кој застапеноста нема да зависи од лажни изјаснувања и административни манипулации, туку од јасни законски правила кои гарантираат еднаквост, правда и достоинство за сите.