Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ВРЕДИ: 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и преработувачката индустрија

Поддршката за малите бизниси и домашните претприемачи добива конкретна форма преку мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поддршката за малите бизниси и домашните претприемачи добива конкретна форма преку мерки кои директно помагаат во економскиот развој и зголемувањето на конкурентноста.

Mинистерството за економија и труд објави јавен повик со 11,34 милиони денари за микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, преку кој ќе се кофинансираат до 40 проценти од трошоците за нови машини и алати, до 200 илјади денари по апликант, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Истовремено, обезбедени се и 2 милиони денари за сертификација на стандарди во преработувачката индустрија, со поддршка до 70 проценти од трошоците, како и 5 милиони денари за заеднички проекти меѓу компаниите и универзитетите, со поддршка до 500 илјади денари по проект.

Реклама

ВРЕДИ оценува дека овие мерки се во согласност со програмата за зајакнување на претприемништвото, семејните бизниси, иновациите и производствената економија. Инвестирањето во модернизација, стандарди и соработка меѓу бизнисот и академијата создава посилна основа за одржлив економски развој и нови работни места.

ВРЕДИ останува посветен на политики кои ја намалуваат бирократијата, ги поддржуваат претприемачите и создаваат поповолни услови за бизнисите, занаетчиите, младите и жените претприемачи.