Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Вработените во ФЗО на протест, ако не им се реши прболемот со платите ќе има генерален штрајк

Хаос во Фондот за здравство.Вработените утре излегуваат на предупредувачки протест. Ако до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос во Фондот за здравство.Вработените утре излегуваат на предупредувачки протест. Ако до 31 мај не им се усогласат платите – се заканија со клуч на врата на Фондот од 1 јуни.

Вработените револтирани, велат дека, нема да работат без пари ако Владата не им го реши итно проблемот со примањата и тоа пред избори. Според нив, Управниот одбор на ФЗО си игра со вработените топло-ладно, и бараат разрешување на сите членови на одборот, затоа што во него имало тројца пензионери со истечен мандат. Претседателот на синдикатот, Бранко Аџигогов потврди дека утре излегуваат пред седиштето на инстиуцијата. Вели дека незадоволството е огромно.

Алфа дознава дека минатата недела имало состанок на Управен одбор на Фондот, каде на дневен ред било усогласување на платите на вработените. Но, членови на одборот гласале дека за тоа нема да има дискусија, односно ја отстраниле таа точка од дневниот ред и ја оставиле за после изборите.

Реклама

Синдикатот тврди дека вработените во ФЗО имаат пониска плата од сите сродни институции, министерства и администрација во здравство. Според нив, една четвртина од вработените земаат плата под минималната, а една четвртина добиваат минимална плата.

Ако ФЗОМ на 1 јуни ги затвори вратите на институцијата и подрачните единици, повторно ќе виси исплатата на породилното отсуство, боледувања, лекувањето во државата. Со оглед на тоа што Фондот е надлежен за буџетите на здравстените установи, докторите и вработените во здравство може да останат без плата, а болниците да останат без терапија. 

Штрајк во Фондот за здравство имаше и пред три месеци, со слични барања, за повисоки плати и разрешување на Управниот одбор.

Ања Лукарова