Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Возачот на Голфот и неговиот сопатник ќе одговараат за прегазувањето на 44 годишната жена во Охрид

Двајцата осомничени за тешката сообраќајна несреќа завршија во триесет дневен притвор и…

Сподели:

Двајцата осомничени за тешката сообраќајна несреќа завршија во триесет дневен притвор и се пренесени во охридскиот затвор.Против нив се води истражна постапказа тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот-стои во сооштението од ОЈО.Стравичната сообраќајка однесе млад живот.

21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда. Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот Фолксваген голф, 18-годишен сопственик на автомобилот затоа што му го дал возилото да го управува”, велат од ОЈО.

Четриесет и четри годишната Александра Божиноска зад себе остави две ќерки кои не успеа до крај да ги издеве на прав пат, загина по вечерната прошетка на пат кон дома.Нејзиниот живот буквално згазна во дел од секунда, ја збриша 21 годишен прилепчанец кој со голема брзина и без возачка дозвола го управувал автомобилот на 18 годишниот сопатник кој исто така не смеел да седне зад волан после 22 часот.Безжовотното тело на младата охриѓанка било пронајдено во блиското градилиште,потресни се сведочењата на очевидците кои ужаснати, не сакаат да зборуваат пред камера.Мора да се спечат ваквите дивеења,укажуваат експертите и бараат поголема институционална будност и делување и на полиција,како и посериозен пристап на центрите за полагање на возачки испит.

Реклама

 Треба да се всади дека е тоа потреба, можност ,избор а не можноста да се манифестира нешто што не треба и што го доведува во опасност пред се тој што вози но и другите учесници во самиот сообраќај.Говориме и  за луѓе кои веќе имаат возачки дозволи но нормално има некои што не ги поседуваат и веројатно тогаш доаѓа и до најтешки моменти.Бидејќи стварно е многу тешко и непревентивно како заедница да губиме млади животи”-вели Љупчо Милкоски,аналитичар за безбедносни појави

Застрашувачки се и податоците од СВР Охрид, само во првите 5 месеци од годинава поднеле околу 3.000 прекршочни и 7 кривични пријави за сообраќајќи со тешки телесни повреди или жртви.

“Постојано апелираме и упатуваме повик до сите учесници во сообраќајот,крајно внимателно да ги управуваат своите патнички моторни возила кон Охрид и низ градот.Ова е период кога бележиме зголемена фрекветност во сообраќајот,зголемен број на патнички моторни возила во Охрид и кон приодите во Охрид и од тука е потребно степенот на внимателност да биде крајно зголемен”-вели Стефан Димовски-портпарол на СВР Охрид

Со почетокот на летото се зголемува бројот на сообраќајки,а битката за спас на сечиј живот кој настрадал  ја водат во специјаланата болница Свети Еразмо.Па така наместо на плажа деновите од одмор,ги минуваат во болница.

 “Се зголемува апсолутно и динамиката на работа посебно во ваква институција каде што се третираат трауматолошки повреди кај пациентите. Процентуално кажано кога се зголемува бројот на сообраќајни незгоди се зголемува и сериозноста на повредените пациенти, така да добар дел од нив се сериозни повредени со тешки телесни повреди кои што бараат потоа оперативно лекување”-вели д-р Харалампие Шокароски,директор на специјална болница Св.Еразмо

Инаку охриѓани се вознемирени и денес не стивнуваат реакциите бидејќи во градот не се памети вака стравична сообраќајка.