Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник

Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот. -Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот.

-Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на сите прашања на корисниците на е-дневникот, се наведува во соопштението од МОН.

Всушност, како што се појаснува во соопштението, четботот обезбедува поефикасна и побрза обработка и структурирање на документација, со што, креира сеопфатна база на знаење за користење на системот Е-дневник на македонски и албански јазик, а тоа овозможува лесен пристап до релевантни информации и поддршка за корисниците.

Реклама

-Системот е успешно имплементиран и хостиран на безбедна облак-платформа, со применети механизми за заштита и контрола на содржината. Воедно, воспоставен е систем за мониторинг и оптимизација кој овозможува следење на перформансите и анализа на користењето, велат од МОН.