Реклама

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Македонија

Воспоставувањето баланс меѓу користењето на дигиталните алатки и развивањето на читателските навики кај децата предизвввик за просветните работници

Наставници, учители, педагози и просветни работници од Куманово денеска учествуваа на советувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наставници, учители, педагози и просветни работници од Куманово денеска учествуваа на советувањето „Библиотека, темел на писменоста – читањето во ерата на екраните: битка меѓу алгоритмите и книгата“, на кое се отвори прашањето како да се поттикне читањето кај децата во време на сè поголема употреба на дигиталните уреди и вештачката интелигенција.

Советувањето е дел од активностите посветени на Неделата на детето, 5 Октомври, Денот на учителот,  одбележувањето на 80 години од излегувањето од печат на првото детско списание и првиот буквар на стандарден македонски јазик.

Настанот е организиран како заедничка иницијатива на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ при УКИМ, здруженијата на просветни работници, библиотеката од Куманово, Фондацијата за култура од Куманово.

Реклама

Уредничката во „Просветно дело“, Ксенија Маказлиева-Трајчева, рече дека советувањето е дел од серија активности започнати во март, во соработка со Педагошкиот факултет и релевантни здруженија на просветни работници, со цел да се поттикне интересот за книгата и читањето кај децата.

Таа нагласи дека целта е да се промовираат добри практики преку кои книгата повторно ќе стане дел од секојдневието на учениците, посочувајќи го и натпреварот во раскажување книги, кој го иницирала Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

– Нашата порака до наставниците, децата и родителите е дека книгата е незаменлива во ова дигитално време. Децата се опкружени со многу дигитални содржини и со вештачка интелигенција, кои можеби се „непријатели“ на книгата, но тоа не мора да биде така. Ако успееме сето тоа правилно да го интегрираме, дигиталните алатки можеме да ги ставиме во функција на книгата и читањето- рече Маказлиева-Трајчева.

Извршниот директор на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ, посочи дека натпреварот во раскажување книги се организира четврта година и има цел преку читањето да се развиваат и други вештини кај младите. Натпреварот треба да биде поттик за децата да читаат, да раскажуваат и преку тоа да го вежбаат јавното говорење.

– Не можеме децата на сила да ги натераме да читаат. Идејата е да ја поттикнеме љубовта кон книгата и читањето. Со раскажувањето тие го вежбаат јавното говорење, што е една од способностите што треба да ги има еден лидер- изјави Марјановиќ.

Учениците од цела држава во текот на учебната година учествуваат во натпреварот со раскажување книги што ги прочитале. Учесниците се стекнуваат и со можност за бесплатно учество во Академијата за идни лидери „Ѓорѓи Марјановиќ“, каде што се развиваат вештини за јавно говорење, дебатирање и критичко размислување.

Професорката д-р Мариета Петрова од Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ изјави дека пред просветниот систем стои предизвикот да се воспостави баланс меѓу користењето на дигиталните алатки и развивањето на читателските навики. Таа смета дека дигиталните алатки и вештачката интелигенција овозможуваат брзо доаѓање до информации, но можат да влијаат врз трпението и начинот на кој децата ги обработуваат информациите.

Според неа, токму тука е важна улогата на наставникот и библиотекарот, бидејќи тие можат да препорачаат книга според возраста, интересите, потребите и моменталното доживување на детето.

– Алгоритмот може да препорача книга според свој концепт, но библиотекарот и наставникот можат да ја препорачаат според погледот на самото дете, според неговото доживување во моментот и неговите емотивни или ментални потреби – изјави Петрова.

Таа нагласи дека преку читањето детето влегува во светот на главниот лик, ја доживува приказната и развива имагинација, креативност и способност за размислување.

Координаторката на ЗОН „Учител“ Куманово, Душица Јакимовска, од практиката во училиштата посочи дека наставниците се обидуваат да остават простор за книгата, но брзото темпо на образовниот процес и секојдневните обврски на семејствата го отежнуваат тоа. Таа смета дека читањето треба редовно да биде присутно во училницата, преку гласно читање или читање во себе, проследено со разговор и прашања за прочитаното.

– Секој наставник во својата училница треба барем половина час, ако не секој ден, тогаш секој втор ден, да иницира гласно читање или читање во себе, поттикнато со прашања, за да се подобри читањето со разбирање, рече Јакимовска.

Еден од најголемите предизвици кај денешните генерации е постојаното брзо менување на содржините што ги следат преку дигиталните уреди.

– Кај книгата не е така. Книгата мора да се доживее, во неа мора да проработи фантазијата за она што се раскажува да го споиме со нашиот живот. На тој начин се гради карактерот, се препознава доброто и лошото и се учи како да постапуваме во одредени ситуации –  рече Јакимовска.

Учесниците кажаа  дека целта не е спротивставување на книгата и технологијата, туку создавање баланс во кој дигиталните алатки и вештачката интелигенција ќе се користат внимателно и со критички однос. Најважно е  книгата да ја задржи улогата во развојот на писменоста, имагинацијата, критичкото размислување и социјалните вештини кај децата.