Реклама
Македонија

Воинствениот Ахмети изгледа се исплаши: Милитантното видео во кое парадираше генералот мистериозно исчезна

Воинственото видео на Али Ахмети што беше споделувано по социјалните мрежи од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воинственото видео на Али Ахмети што беше споделувано по социјалните мрежи од членовите на ДУИ, мистериозно исчезна. По само неколку часа снимката во кое Ахмети се претставува како генерал на УЧК кој не изгубил ниту една битка, со кадри од конфликтот во 2001-ва, ја снема од социјалните мрежи Фејсбук и Тик Ток. Засега не се знае кој ја дал наредбата видеото да се пушти, но ни кој наредил тоа итно да биде тргнато.

Дали тргањето на видеото можеби е поврзано со дектерот на американскиот престедател во заминување бајден, кој го проишри опсегот на делата заради кој некоја личност може да се најде на црната листа. Меѓудругото место на црна листа сега ќе има и за лидери или функционери кои се обидуваат да го нарушат мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Ова не е првпат Ахмети и ДУИ да користат вакви обиди за да го мотивираат членството, но и за да се покажат како некој политички фактор којшто може да направи дестабилизација, коментираат дел од политичките аналитичари.

Реклама

Љуљзум Фаризи вели дека ДУИ го изгубиле компасот, но и целата подрршка што ја имаа.

Ова видео е исечен дел, постои поголема видео снимка и досега неколкупати е пуштана во јавност, појаснува Фазири. Тој вели дека се пушта по потреба, секогаш кога партијата сака да направи некаков ефект, но никогаш тоа не им успева.

Во меѓувреме на големо се зборува дека вечниот лидер на ДУИ и Ахмети е на добар пат да биде новото име на Црната листа на САД поради инволвираноста на неговите најблиски луѓе во криминал и корупција, но и поради заканите за дестабилизација во регионот.

Иако и сега интегративците се оградија од видеото и тврдат дека е спонтано споделено, сепак Али Ахмети и досега се закануваше. Последно, без аргументи за осомничениот бегалец за корупција Артан Груби, тој порача дека немало да дозволи Македонците да биле аги, Албанците слуги, а ДУИ ќе бил ураганот што ќе го спречи тоа.