Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Водостоите на повеќето реки во рамки на августовскиот просек

Водостоите на поголем дел од реките во државата се движат околу или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водостоите на поголем дел од реките во државата се движат околу или над просекот за август, додека кај природните езера нивото на Охридското Езеро е над просечната вредност за месецов, а Преспанското и Дојранското Езеро остануваат под августовскиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. 

Според податоците измерени во 7:30 часот, водостојот на Вардар кај Скопје изнесува 74 сантиметри и е за четири сантиметри над просекот за август, кој изнесува 70 сантиметри. Кај Велес се измерени 46 сантиметри, што е за пет сантиметри над просечната вредност за месецов, додека кај Демир Капија водостојот достигнува 132 сантиметри и е значително над августовскиот просек од 84 сантиметри. 

Над просекот е и водостојот на Брегалница кај Штип, каде се измерени 80 сантиметри, односно 11 сантиметри повеќе од вообичаеното за овој период од годината. Од друга страна, кај дел од реките се регистрирани пониски нивоа од просечните, меѓу кои се Лепенец кај Влив, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Црна Река кај Новаци и Радика кај Бошков Мост.

Реклама

Кај природните езера, нивото на Охридското Езеро е измерено на 693,49 метри надморска височина и е малку над августовскиот просек од 693,46 метри. Преспанското Езеро е на кота од 841,6 метри надморска височина, што е за повеќе од два метра под просекот за август од 843,88 метри, додека нивото на Дојранското Езеро изнесува 145,08 метри надморска височина, наспроти просечните 147,69 метри за месецов.

Од УХМР посочуваат дека нивото на Дојранското Езеро и натаму е 105 сантиметри под договорениот минимум, а според хидролошката прогноза, во текот на наредниот ден не се очекуваат позначителни промени на водостоите на реките и езерата.