Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од Јавното претпријатие попладнево соопштија за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
Денеска од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие, земени биле 38 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од нив, еден примерок од бунарскиот потег Лепенец.
Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење во акредитираните лаборатории при секторот Санитарна контрола.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – информираа од јавното претпријатие.

