Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на Меѓународната научна конференција „Денови на азбуката“, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), каде што во центарот на дискусиите беа квалитетот на учебниците и институционалната одговорност за унапредување на образованието на албански јазик, 118 години по Битолскиот конгрес, информираат од локалната самоуправа.

– Денот на азбуката нè враќа во Битола во 1908 година, но истовремено нè соочува со одговорноста што ја имаме денес за квалитетот на образованието на албански јазик. Учебникот е една од првите средби на детето со пишаниот јазик, науката и историјата, затоа мора да биде точен, јасен и разбирлив. Подготовката, преводот и оценувањето на учебниците бараат сериозен професионален ангажман, во кој наставниците, педагозите, лингвистите и експертите треба да имаат непосредна улога – истакнал Меџити во Битоал.
Тој, како што посочуваат од Општина Чаир, нагласил дека подобрувањето на условите во училиштата и зајакнувањето на соработката со образовните и научните институции остануваат директна одговорност на институционалните раководители. Според него, стручните препораки треба да најдат конкретна примена во наставниот процес, создавајќи услови за развој на критичкото размислување и стекнување квалитетни знаења.
-Генерацијата од Битола ја исполни задачата на своето време. Наша задача е да им обезбедиме на децата квалитетно образование на албански јазик и можности да напредуваат преку знаењето – заклучил Меџити.

