Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Водата од јавниот водовод во Куманово е здравствено исправна

– Водата за пиење од јавниот водовод во Куманово континуирано е здравствено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Водата за пиење од јавниот водовод во Куманово континуирано е здравствено исправна и безбедна за употреба, покажуваат резултатите од редовниот мониторинг што го спроведува Центарот за јавно здравје Куманово во соработка со ЈП „Водовод“ – Куманово. Раководителката на Отсекот за здравствено-хигиенски прегледи, училишна хигиена и исхрана при Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Блерта Шахини Азизи, специјалист по хигиена и здравствена екологија, информира дека мострите од водата се земаат еднаш неделно, секој понеделник, согласно утврдениот план за мониторинг.

Во текот на годината се анализираат вкупно 130 мостри од различни локации кои ја опфаќаат целата територија на Куманово, со цел да се добие репрезентативен увид во квалитетот на водата за пиење.

-Досегашните лабораториски анализи покажуваат дека сите испитани мостри ги исполнуваат пропишаните услови и се во согласност со законските и санитарно-хигиенските стандарди. Во рамки на испитувањата редовно се следи и нивото на резидуален хлор, кој е еден од најважните показатели за безбедноста на водата за пиење. Анализите покажуваат дека најниските измерени вредности на резидуалниот хлор изнесувале 0,3, 0,44 и 0,47 милиграми на литар, што,  укажува на континуирано и соодветно ниво на дезинфекција на водата- вели докторка Шахини Азизи.

Реклама

Врз основа на добиените резултати, од Центарот за јавно здравје Куманово оценуваат дека водата од јавниот водовод континуирано ги исполнува барањата за здравствена исправност и може безбедно да се користи за пиење и секојдневна употреба.