Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Водата е стратешки ресурс: Потребни се инвестиции и интегрирано управување во услови на климатски промени

Водата претставува стратешки ресурс, чија заштита и одржливо управување се клучни за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните. Ова беше пораката од заедничката 7. сесија на работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата претставува стратешки ресурс, чија заштита и одржливо управување се клучни за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните. Ова беше пораката од заедничката 7. сесија на работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) одржана во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија.

Настанот, организиран од Европското движење во Македонија, беше посветен на темата „Европските политики за вода во ерата на климатските промени: можностите за интегриран и мултисекторски пристап во Македонија“ и собра претставници на институциите, академската заедница, граѓанскиот сектор, земјоделските организации и меѓународните партнери.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски истакна дека управувањето со водните ресурси мора да биде поставено високо на агендата на националните политики.

Реклама

– Климатските промени веќе имаат директно влијание врз земјоделското производство и достапноста на водата. Затоа е неопходно да инвестираме во модерни системи за наводнување, подобро планирање и поефикасно користење на водните ресурси следејќи ги европските стандарди и добри практики – рече Трипуновски нагласувајќи дека тоа за Владата е стратешка цел и веќе инвестира во изградба на стабилен систем за наводнување преку градење нови и реконструкција на постојните брани и хидросистеми.

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа посочи дека климатските ризици бараат нов пристап во управувањето со водите.

– Безбедноста на водата повеќе не е само еколошко прашање, туку прашање на развој, економска конкурентност, безбедност и јавно здравје. Затоа е неопходен интегриран систем за управување со водите и подобра координација меѓу институциите, засилена примена на европското законодавство и долгорочни политики засновани врз научни податоци и реални потреби – истакна Хоџа.

Водата е јасен пример дека современите предизвици не може да се третираат изолирано бидејќи водата е бесценет ресурс и нашата заедничка одговорност е да ја зачуваме за наредните генерации, заклучи Хоџа.

Амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, ја нагласи важноста на регионалната и европската соработка во справувањето со климатските предизвици.

– Искуствата на земјите членки покажуваат дека интегрираното управување со водите носи конкретни придобивки за животната средина, земјоделството и локалниот развој. Европската Унија останува силен партнер на Македонија во процесот на усогласување со европските политики и стандарди – рече Хрицова.

Во рамките на трите тематски панели се дискутира за европските политики за водна безбедност, потребата од поголема отпорност кон климатските промени, интегрираното управување со водите во функција на земјоделството и руралниот развој, како и за можностите што ги отвора дигитализацијата во управувањето со водните ресурси.

Учесниците се согласија дека е неопходно да се зајакне меѓусекторската координација меѓу институциите надлежни за животна средина, земјоделство, водостопанство и локален развој, како и да се подобри размената на податоци и интероперабилноста на системите.

Во заклучните согледувања беше нагласено дека Македонија треба да продолжи со усогласувањето со европското законодавство во областа на водите, да ги зајакне институционалните капацитети за управување со климатските ризици и да инвестира во дигитални решенија што ќе придонесат за поголема транспарентност, ефикасност и одржливост на јавните политики.

Препораките и заклучоците од денешната сесија ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе претставуваат придонес во процесот на подготовка на Македонија за членство во Европската Унија.