Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Во текот на целата година чичко Кире штима пијана, за нова година е омилениот Дедо Мраз на сите деца

„Одам во Лапонија, се враќам со ирвасите, ама доаѓам тука, па се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Одам во Лапонија, се враќам со ирвасите, ама доаѓам тука, па се преправам во чичко Кире и  работам.“ Вака, вистинскиот дедо Мраз кој поголемиот дел од годината штима пијана, а и прекрасно свири, раскажува како ги минува деновите и што го натерало да престојува во Македонија, кога го има целиот свет на дланка. Па вели, има невозможна мисија, мака го натерала да остане, бидејќи нема моќ да оствари. Да би можел, сите македонски политичари би ги ставил во пакетче и би ги заменил со нови.

-Да може во пакетче да ги пикнам или да ги врзам во вреќата, сите политичари, и да магично да извадам нови, што ќе работат чесно, тоа би го направил, па по цена и на мојот живот, вели Дедо Мраз.

И облеката му е од Македонија. Направена од театарската завеса на стариот МНТ, кој беше целосно срушен во земјотресот во 1963 година.

Реклама

-Завесата била падната, па штофот го зела некоја жена, случајно стигна до мене, а маестро Тоше ми ја скрои, објаснува дедо Мраз.

Тој е разочаран од негативната енергија која струи во земјава, па неговата магија не е доволна за да ја замени со позитивна мисла.

Има многу негативна енерија, па да можам веднаш би ја уништил. Тоа се должи на политиката, да бидам искрен не ми се допаѓа ниту една политичка страна.

Тој има и една друга желба, наместо турбо фолк младите повеќе да слушаат класична музика, и да и посветат повеќе време, а простор на уметноста.

-Да посетуваат исложби, концерти. Застапена е сериозна музика, но немаме публика, младите слушаат чудна музика. А што би било, кога класична музика понекогаш би се пуштала и во кафулиња, прашува тој.

Сите ми се радуваат, раскажува за Алфа вистинскиот Дедо Мраз, а детските насмевки му се волја за живот.

-Кога ќе се појавам, тие се вчудоневидени, а и за ирвасите постојано ме прашуваат. Ме тегнат за брадата за да проверат дали е вистинска или лажна. Се радуваат. Имав една прилика, едно дете ме прашуваше зошто не сум влегол низ оџакот, туку низ вратата, па му објаснив оти татко му го запалил каминот па не сум можел така да влезам, вели тој.

А најинтересна молба што ја чул од детенце е за нова година Дедо Мраз да му донесе братче, но за него е најтешка е посетата на тешко болни деца.

Дедо Кире инаку има два сина и внука по име Срна. Не му успеало да остане анонимен поради типот на работата, па раскажува оти малку луѓе професионално и добро штимаат пијана. Тој е искрен, има заработка, па и кога не сака да земе пари, возрасните му даваат. Со заработеното, по празниците ќе оди на бања заедно со најблиските.

Но, засега, бањата ќе почека, дедо Мраз има полни раце работа. По поминатиот ден со екипата на Алфа, ни остави пакетчиња, и замина да дели подароци, а и да се обиде магично да ги смени сите политичари во Македонија, па нови, непознати и, најважно чесни луѓе да раководат со земјава.

Сања Трајковска Ставров