Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Во струшко Радожда е избегната трагедија, откако се урна огромна карпа тешка меѓу 10 и 15 тони

Во Радожда е избегната трагедија, откако огромна карпа тешка меѓу 10 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Радожда е избегната трагедија, откако огромна карпа тешка меѓу 10 и 15 тони се урна на самиот регионален пат кој води кон селото. Жителите предупредуваат дека половина село живее буквално под надвиснатите карпи и стравуваат дека следниот одрон може да биде кобен.

Само среќата спречила катастрофа, бидејќи во моментот на одронот, на неколку метри од местото поминувале жители со мали деца.

„Многу ризично е да се живее во ова село, пошто никој за ништо не се секира. Можеше вчера да настрадаат луѓе, затоа што карпата падна на самиот пат. Да имаше поголема фреквенција на патов, не знам што ќе се случеше. Половина село е загрозено, бидејќи живее под карпите. Во секој момент може да има ист случај“, вели Михајло Солакоски, жител на селото.

Реклама

Жителите револтирано посочуваат дека ова не е прв случај и предупредуваат дека со години наназад паѓаат карпи. Дел од мештаните велат дека ваквата состојба е резултат и на долгогодишна негрижа, но и на неконтролирана изградба.

„Ова е дефинитивно сублимат на неколку фактори. Не е само негрижата на државата во изминатиот период, туку постои и негрижата на самите жители, односно алчноста да се искористи сè што може да се искористи. Мора да признаеме дека сакаме секоја педа да ја изградиме“, вели Петко Кутаноски, жител на Радожда.

Жителите сами поставуваат бетонски заштити за да се спасат од нови одрони, додека од државата бараат итна интервенција и стручна проценка.

„Ќе побараме од надлежните органи, па дури и од Градежниот факултет, да испратат експерти за увид на состојбата. Јас лично вчера се искачив горе и снимив уште две до три карпи, некои и поголеми од оваа што падна. Состојбата е алармантна“, вели Александар Јулоски, претседател на месната заедница Радожда.

Инаку, во 2021 година само чудо го спаси семејството Пејоски од огромните карпи кои се одделија од планината и се урнаа врз помошните простории. И кај населбата Елен Камен се урна карпа која за малку ќе паднеше врз автобус со работници од Струга.

Сега, за првпат, надлежните реагирале брзо и патот бил расчистен за помалку од еден час. Но, тоа не го решава проблемот. Жителите бараат итно решение за карпите над Радожда и Елен Камен, бидејќи ова е единствениот пат до селото, а воедно и едно од најатрактивните туристички места во регионот.