Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Струмица почна јавната расправа по нацрт просторниот план на државата, граѓаните најмногу забелешки имаат на потенцијалното отворање рудници во Југоистокот

– Во Струмица денеска почна јавната расправа во рамките на постапката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Струмица денеска почна јавната расправа во рамките на постапката за изработка и донесување на Просторниот план на Република Северна Македонија (2021-2040), стратешки и законски документ кој го определува идниот развој на државата во областа на просторното планирање.

Важноста од подготвување на Просторниот план ја образложија претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Агенцијата за просторно планирање.

-Просторниот план не е само уште еден плански документ, туку тој треба да даде одговор на едно вистинско прашање: каде сакаме да ја видиме нашата држава во 2040 година и како одговорно ќе управуваме со просторот со кој располагаме. Просторот е ограничен ресурс. Одлуките што ги носиме денес често имаат последици со децении. Еднаш изградена инфраструктура, зафатено земјиште, нарушен природен ресурс или обратно-добро испланиран развоен коридор долгорочно го определуват начинот на кој се развива одреден простор, рече Неби Реџепи, раководител на секторот за просторно планирање при Министерството за животна средина.

Реклама

Најмногу внимание кај присутните граѓани, од кои најголем  дел беа еко активисти кои се против отворање рудници во југоистокот од државата, предизвика делот од нацрт просторниот план кој се однесува на минералните суровини во овој регион и лоцирањето на истите.

Според еко активистот Горан Станислевиќ, економскиот биланс од рудникот Иловица-Штука би бил негативен.

– За 20 години ќе се уништи почвата  од тешки метали и земјоделците тешко ќе можат да ги продаваат сцоите производи  заради тоа што тие што купуваат ќе знаат од каде потекнуваат. Потоа ќе се загадат подземните води што значи дека и еколошкиот ефект е голем, односно ни си одзема нашето човеково право на вода, бидејќи е планирано идниот рудник да користи вода од акумулацијата „Турија“, со што се доведува во прашање снабдувањето со вода на населението во градот и населени места, рече Станислевиќ.

Според Петар Спасов, поранешен градоначалник на Општина Ново Село, интересно е зошто планината Беласица не е предвидено да биде прогласена за национален парк, бидејќи затоа постои иницијатива од поодамна. Тој нагласи дека несфатливо е Беласица да не биде национален парк, а да се планира отворање рудник.

Денешната јавна расправа ја организираше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, а домаќин беше Министерство за животна средина и просторно планирање.