Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за надворешна политика и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за здравство, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. На комисиите ќе се разгледуваат повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измени во законите за рестриктивни мерки, застапување пред Европскиот суд за човекови права, санитарна и здравствена инспекција, комунални дејности, градење и превоз во патниот сообраќај.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки. Со предложените измени се предвидува прецизирање на одредби утврдени како недостатоци во Извештајот од петтиот круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година (одредби во врска со примена на мерките од страна на сите физички и правни лица, воведување на официјални процедури во врска со почитувањето на процедурите на ОН,  процедури за поднесување барања за симнување од листата до надлежните органи и др.). Со законот се врши и усогласување со препораките на ФАТФ (FATF – Financial Action Task Force).

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледува Предлогот на закон за изменување на Законот за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права. Целта на Предлогот на закон е усогласување на постапката за именување, условите за именување и престанокот и разрешувањето на функцијата владин агент со Законот за високи раководители. Основните решенија се состојат во упатување на постапката за именување и на општите услови кон Законот за високи раководители, пропишување посебни услови за Владиниот агент, усогласување на престанокот и разрешувањето од функцијата. 

Реклама

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлогот на закон за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција. Заради усогласување со Законот за високи раководители, мандатот на директорот се утврдува во траење од пет години, а постапката и условите за именување, како и престанокот на мандатот и разрешувањето, се уредуваат со тој закон.

Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе расправаат по предлозите за изменување на Законот за комуналните дејности и на Законот за градење, како и за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај. Со предлог-законите се врши усогласување на Законот за градење со Законот за високи раководители.  

На Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Предлог на законот за изменување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, сите по скратена постапка.