Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат осум комисии – Комисијата за одбрана и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат осум комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за европски прашања, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на законот за изменување на Законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, сите по скратена постапка.

На Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, и двата по скратена постапка. 

Реклама

На Комисијата за европски прашања е Предлог на законот за парничната постапка, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, по скратена постапка.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медијација, по скратена постапка.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка.

На Комисијата за финансирање и буџет се Фискалната стратегија на Македонија за 2027-2031 година и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Македонија, по скратена постапка.

Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог на законот за изменување на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медијација, Предлог на законот за задолжување на Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Македонија, сите по скратена постапка.