Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во снежни услови вевчанци подготвени за карневалското дефиле

Интегративците, на тапет на досетливите вевчанци-пред цела маса народ на карневалот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегративците, на тапет на досетливите вевчанци-пред цела маса народ на карневалот во Вевчани се појави бившиот прв вицепремиер на Македонија,бегалецот  Артан Груби-ова беше највпечатливата маски на годинешната отворена сцена на која Груби уште еднаш заигра фудбал заедно со сопартијците и поранешни министри Бесими и Шаќири.

Карневалот во Вевчани, ја отслика нашата држава :корупциските скандали и афери кои ја тресат државата како оној со Државна лотарија. Илјадниците вевчанци од Горна и Долна маала  иако шеговито, сепак упатија сериозни критиките на однесувањето на Бугарија во спорот со Македонија.

Вевчанци го дочекаа мигот за да дадат свое видување,а гостите како и домшните политичари кои дојдоа на маскенбалот, преку маските можеа да препознаат многу настани, што оставија печат во годината што е зад нас.Меѓу нив беше и премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Никогаш, никој не ги знае маските, совен оние што се маскираат,ниту најблиските роднини не ги знаат маските,оа е и убавината на Вевчанскиот карневал вели градоначаникот на Вевчани. Карневалот го прави Вевчани се поатрактивна туристичка дестинација.

“Одамна не сме имале снежна атмосфера за овој ден за вевчанскиот карневал.Условите се можеби по екстремни, но убаво е да се биде овие два дена во Вевчани во било какви услови. Општина Вевчани во соработка со комуналното 24ч е на терен. Ги чистиме и регионалните патишта што не поврзуваат со Струга и Дебар да бидат чисти да можат гостите да пристигнат во Вевчани“, вели Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани

Постарите вевчанци кажуваат дека порано само мажите ставале маски, додека жените затскриени од прозор љубопитно набљудувале.

Вечер василичарите ќе ги посетат сите домови на вевчанци, славејќи го големиот Свети Василиј. Карневалот завршува утре  со василичарски ора и палење на маските

Росица Голабоска