Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Скопје почнуваат Деновите на света Мајка Тереза по повод 10 години од канонизацијата

Со свечено отворање кај Порта „Македонија“, денеска, во Скопје, ќе почне манифестацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечено отворање кај Порта „Македонија“, денеска, во Скопје, ќе почне манифестацијата Денови на света Мајка Тереза, која ќе се одржува до 5 септември по повод 10-годишнината од канонизацијата на светицата родена во македонската престолнина.

Манифестацијата ја организираат скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, разгранок Скопје, а програмата опфаќа духовни, културни и хуманитарни настани посветени на животот и делото на Мајка Тереза.

Како што соопштуваат организаторите, свеченото отворање е закажано за денеска во 19.30 часот кај Порта „Македонија“. Пред присутните ќе се обрати монсињор д-р Киро Стојанов со излагање на тема „Скопјанката од Колката, која го промени светот“, а м-р Љерка Тот-Наумова ќе говори за животниот пат и за хуманитарната мисија на Мајка Тереза.

Реклама

Програмата ќе продолжи на 31 август во капелата на Спомен-куќата на Мајка Тереза, со почеток во 19.30 часот. Предвиден е настап на Серафина Фантауза со Ave Maria од Шуберт, читање избрани цитати од Мајка Тереза на македонски и англиски јазик од м-р Еленора Николовска, како и молитвен дел од редот Мисионерките на љубовта од Скопје. На крајот, епископот Стојанов ќе го подели својот благослов.

На 1 септември, во Домот на културата „Кочо Рацин“, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи поетска вечер со песни посветени на Мајка Тереза. На настанот ќе настапат Еленора Николовска, Оливера Јовановска, Делвина Крлуку, Виолета Ачкоска, Благојка Филипчева и Љерка Тот-Наумова. Во музичкиот дел ќе настапат м-р Јулија Нелковска на виолина и Филип Костов на гитара. Во рамките на вечерта ќе биде поставена и продажна изложба на уметнички дела од македонски академски сликари, подарени на Католичката црква, а приходот е наменет за сиромашните лица, штитеници на македонскиот „Каритас“.

На 3 септември, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, во 19.30 часот, ќе се одржи концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во чест на Мајка Тереза, под диригентство на Ерхан Шукри.

В петок, 4 септември, во претпладневните часови монсињор д-р Киро Стојанов и избрана делегација ќе посетат ранливи семејства и ќе им подарат пакети со храна и хигиенски производи. Истиот ден во 18 часот, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, монсињор Стојанов ќе ја предводи светата литургија, а веднаш потоа дон Давор Топиќ ќе ги сподели своите впечатоци од канонизацијата на Мајка Тереза во 2016 година.

Манифестацијата ќе заврши в сабота, 5 септември, со понтификална света литургија во 18 часот во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Светата литургија ќе ја предводи монсињор д-р Петар Палиќ, мостарско-дувањски бискуп и требинско-мркански апостолски администратор, во заедништво со домашниот бискуп монсињор Киро Стојанов, како и други бискупи гости поканети за оваа пригода.

Во пресрет на отворањето на манифестацијата, утре, во 11 часот, во Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе бидат отворени три тематски изложби посветени на нејзиниот живот и наследство. Посетителите ќе може да ги разгледаат поставките „Мирот почнува со насмевка“, „Наследството на Мајка Тереза“ и „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“, кои преку фотографии, сведоштва и инспиративни пораки ги претставуваат нејзиното дело и влијанието во светот.